ЈАГЛЕН
Јагленот е силно
согорлива црна или црно-кафеава седиментна карпа. Се состои главно од јаглерод, јаглеводороди како
и од други елементи, вклучувајќи сулфур. Заедно со битумијата ја сочинуваат групата карпи
позната као каустобиолити. Настанале во текот на геолошката историја од
остатоци на вишите растенија. Според степенот на карбонификација, може да биде:
хумусен, лигнит, мрк, камен јаглен и антрацит. Јагленот е фосилно гориво кое се добива од земјата преку јамски
и површински коп. Често поврзуван со индустриската револуција, јагленот останува
исклучително значајно гориво. Тој е најзначајното гориво за производство на електрична енергија (во термоелектраните) во
светски размери, и витална компонента за редукцијата на железната руда.
Во Македонија е една од главните енергетски суровини. Во периодот по
педесеттите години од XX век,
со заострувањето на нафтената криза, се започна со интензивно геолошко
истражување на јаглени. Истражувањата беа позитивни и се откриени огромни
резерви на лигнит. Најголеми резерви се докажани во пелагонискиот басен со
1.400.000.000 тони, потоа следуваат беровско-делчевскиот, ресенскиот, струшкиот,
катлановскиот и кичевскиот басен. Во пелагонискиот басен се изградени и првите
термоенергетски капацитети кои во моментов се стожер на електростопанскиот
систем. Во кичевскиот јагленоносен басен активно работи еден термоблок
(Осломеј). Новите резерви овозможуваат изградба на „Битола 4“ која ќе биде
поврзана преку инфраструктури со „Битола 3“, што ќе придонесе за помали
инвестиции.
Најголеми резерви на јаглен се наоѓаат
во САД (околу 35%), Кина (околу 13%) и Австралија (околу 10%), Јужна Африка,
Индија, Германија и Полска (со околу 27%). Најголеми извозници на камен јаглен
се Австралија (со околу 37%), САД со извоз од околу 19%, Африка со 15% и Канада
со 9%. Во извозот на камениот јаглен значајна улога имаат Полска, Кина,
Колумбија и Индонезија
НАФТА
Нафта е
запалива течност со темна
до зеленикава боја. На англиски јазик се нарекува crude oil, oil или petroleum.
Рафинирана и преработена, во најголема мера нафтата се користи како енергенс и
гориво за возилата. Поради нејзината голема побарувачка, нафтата ја нарекуваат
и „црно злато“. Јачината и квалитетот на нафтата се мерат според бројот и
застапеноста на октаните (јаглеводородни соединенија со осум јаглеродни атоми
од редот на алканите) во нејзиниот состав. Нафтата е масловидна течност со
темна боја и непријатен мирис,која лесно стапува во различни реакции.Се наоѓа
во внатрешноста на Земјата. Нафтата е смеса од јаглеводороди,а јаглеводородите при
горење ослободуваат големо количество топлина.Токму затоа нафтата е главен
извор на енергија.Извор е и на т.н петрохемикалии,односно главна суровина за
една современа хемиска индустриска гранка,петрохемиската индустрија,од која се
добиваат пластични материјали,синтетички влакна,детергенти,експлозиви,пестициди
итн.
Настанувањето на нафтата секогаш било поврзувано со остатоците
од растенијата, но од кои растенија, кои процеси при тоа се одвиваат при
претворбата во нафта не е познато. Геохемичарите од Кемеровскиот Институт за
јаглен и хемија на јагленот, од Сибирскиот оддел на Руската Академија на науки
најдоа хемиски докази за својата нова теорија за настанокот на нафтата-од
мастите и ним сличните супстанци присутни во древните алги. Главните компоненти
на клетките на алгите се протеините и јаглехидрати. Откако растението ќе
изумре, тоа брзо ќе биде разградено од микроорганизмите. Но, мастите и ним
сличните супстанци, во текот на овој процес, остануваат непроменети. Научниците
претпоставуваат дека прв степен во претворбата на мастите во примарни масла е,
всушност, повеќестепена оксидација која резултира со формирање на пероксидни
соединенија.
Најголемо
производство на нафта во последните години остваруваат земјите од Средниот
Исток (околу 30%), потоа САД (околу 20%), Русија без Литванија и Естонија;
околу 10%), Африка (околу 10%), Азија (околу 10%) и Западна Европа (околу 9%).
Во периодот од 1987 до 2005 година имаме постојан пораст на потрошувачката на
нафтата и таа се движи од околу 3 милијарди годишно (1987) до 4,3 милијарди
годишно (2005). Интензивни истражувања на нафта денес се одвиваат во морските
појаси на Мексичкиот, Маракаибскиот, Персискиот, Гвинејскиот и Суетскиот залив,
Северното и Средоземното море, југоисточна Азија, Австралија и Далекиот Исток. Наоѓалиштата
на нафта и гас имаат крајно нерамномерен распоред кое нешто може да се согледа
од следните примери. На територијата на нафтено – гасната провинција Волга -
Урал 70% од резервите на нафтата се поврзани за 37 полиња, 17% се наоѓаат во 97
наоѓалишта, додека 13% во 438 мали полиња. На просторот на Западно – Сибирската
нафтено – гасна провинција се откриени околу 170 наоѓалишта на нафта и гас. На
просторите на поранешниот СССР 50% од утврдените резерви се наоѓаат во 29
наоѓалишта. Во САД 60% од утврдените резерви на нафта се наоѓаат во 259
наоѓалишта што сочинуваат 2% од вкупно откриените наоѓалишта. Ако ја
разгледуваме Јужна Америка 57% од резервите на нафта се наоѓаат во Венецуела,
која зазема само околу 5% од вкупната територија на континентот. На Блискиот и
Средниот Исток утврдено е околу 68% од светските резерви на нафта (без
поранешниот СССР), од кои околу 27% се на Кувајт, односно на простор од 0,4% во
однос на територијата на Блискиот и Средениот Исток. Само едно наоѓалиште во
Кувајт (Бурган) содржи околу 11.500 милиони тони
ПРИРОДЕН ГАС
Природниот гас претставува гас без боја,
без мирис, кој е проѕирен во својата чиста форма, исклучиво е запалив и при тоа
дава голема количина на енергија. Обично се наоѓа како гасна капа во нафтени
наоѓалишта иако не е ретко да се пронајде и без присуство на нафта. Полесен е
од воздухот затоа што неговата густина е помала од густината на воздухот.
Природниот гас е гасна смеша од согорливи и
несогорливи гасови. Составот на природиот гас е претежно метан а содржи и други
гасови, етан, пропан бутан и пентан. Во својата најчиста форма тој е скоро чист
метан. Претставува исклучиво вредна енергетска и хемиска суровина која поседува
значајна технолошка/економска и еколошка вредност во однос на останатите
горива. Природниот гас е идеално гориво кое лесно се меша со воздухот,има
исклучителна брзина на согорување без дим, ги согорува цврстите остатоци и не ја
загадува околината. Искуството од земјите со долгата традиција на користење на
природниот гас покажува дека тој е еден од најбезбедните енергенси.
Денес природниот гас повеќекратно се користи
како во индустријата така и за комерцијална употреба во широката
потрушувачка.
Составот на природниот гас го сочинуваат метан (CH4)97%,
етан(C2H6) 0,91%, пропан(C3H8)0,36%, бутан(C4H10)0,16%, пентан(C5H12),
јаглен-диоксид 0,52%, кислород 0,08%, азот 0,93% и други гасови во помали
количини.
На природниот гас се додава средство со јак
непријатен и карактеристичен мирис (одорант) за да може природниот гас кој е
без мирис, да добие специфичен мирис за да може полесно да се открие течењето
на гасот од гасната инсталација. Самиот процес на додавање на мирис на
природниот гас се нарекува одорозација. Мирисот согорува заедно со природниот
гас, а продуктите за согорување немаат непријатен мирис.
Природниот
гас бил запоставен иако неговото производство одело паралелно со
експлоатацијата на нафтата. Од таа причина се смета дека големи количини на
природен гас останале неискористени. Во последните години производството и
потрошувачката на гасот значајно се зголемува а со тоа се зголемува и неговото
значење како енергетска суровина. Потенцијалните ресурси на природниот гас,
неговите геолошки резерви начинот на експлоатацијата и транспортот со минимално
загадување на животната средина ова фосилно гориво го прави многу значајно во
енергетскиот биланс на многу земји. Најголеми резерви на природен гас се
наоѓаат на просторите на поранешниот СССР, САД, Иран, Алжир, Холандија,
Саудиска Арабија и Кувајт. Треба да се истакне дека наоѓалиштата на гас во
светот се порамномерно распоредени во однос на нафтата.
Хемиските
горива се супстанции што оддаваат енергија кога се во реакција со други
супстанции околу нив. Најприсутна појава од овој вид е оксидацијата.
Биогорива
Биогоривото е
тврдо, течно или гасовито гориво што се состои или е добиено од биомаса. Таа може да се
користи непосредно, за затоплување и електрична енергија, или пак со нејзина
преработка. Таа се добива од било кој извор на јаглерод што брзо се
обновува. Најзастапена суровина се растенијата.
Првото
гориво што го користел праисторискиот човек било дрвото. Наодите од Сварткранс
(ЈАР) сведочат за контролирана употреба на оган
уште пред 1,5 милиони години. Не е познато кој вид на човеколики суштества
започнале да палат оган, бидејќи наодите велат дека ова го правале истовремено
и австралопитекот и
првобитните видови на прачовек.[1] Како гориво, дрвото останува во
употреба до денес, иако за многу цели е заменето со други извори на енергија.
Дрвото има густина
на енергијата од 10–20 МЏ/кг.[2]
Во
последно време се развива употребата на биогорива за возила (на пр. биоетанол и биодизел),
но постои широка расправа околу јаглеродната ефикасност на ваквите горива.
Фосилни горива
Фосилните
горива се јаглеводороди во
облик на јаглен и нафта, создадени од фосилизираните остатоци од
растенија и животни во дамнешното минато[3] поради нивната изложеност на
висока температура и притисок во отсуство на кислород во Земјината кора во
текот на стотици милиони години.[4] Под „фосилни горива“ се
подразбираат природни ресурси што
содржат јаглехидрати, но немаат целосно биолошко потекло (на пр. битуминозни
песоци). Поточен назив за овие горива е „минерални горива“.
Под
нуклеарно гориво се подразбира секој материјал што се користи за добивање
на нуклеарна енергија.
Технички гледано, ова може да биде било кој материјал, бидејќи сите елементи
оддаваат нуклеарна енергија под соодветни услови. Во практиката за вакви горива
се сметаат само материјалите што даваат нуклеарна енергија во изводливи и
исплатливи услови.